Битиќи: Терминот 20 проценти нема да биде заменет со зборовите „албански јазик“ во Уставот

t

Вицепремиерот и заменик-претседател на СДСМ, Фатмир Битиќи изјави дека терминот 20 проценти нема да биде заменет со зборовите „албански јазик“ во Уставот.

Битиќи во емисијата „200“ на ТВ Алсат изјавил дека освен промената на Преамбулата со вклучување на Бугарите во Уставот, експертската работна група нема мандат да разговара и за други промени во највисокиот правен акт на државата. Тој е уверен дека парламентарното мнозинство ги има потребните 80 гласови за уставни промени.

-Работната група која има мандат за уставни измени соопшти дека нема мандат ниту за измени, ниту за дискусии за други уставни измени, освен за оние кои се однесуваат на европскиот пат. Мислам дека нема пратеник Албанец кој ќе гласа против евроинтеграциите. Секоја друга дискусија ја гледам како дел од дневно-политичката агенда од различни причини. Убедени сме дека и во македонскиот опозициски блок разумот ќе надвладее и ќе направат мнозинство за уставни измени, рекол Битиќи, објави ТВ Алсат. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред 85 години првпат е изведена песната…

На денешен ден, 8 ноември, пред точно…

Нови случаи на семејно насилство: закани со…

Маж се заканувал со дрвен предмет на…

Митровден бил домашната слава на светите Кирил…

Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…

НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…

Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…

СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…

Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…