Битиќи: Треба да се зголеми минималната плата
Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 ја истакна важноста од зголемување на минималната плата во државата.
„Да, минималната плата треба да се зголеми. Стопанствениците исто така укажуваа дека е сериозно потребно да се зголеми минималната плата за да се задржат работниците во државата и за да се обезбеди сигурност на луѓето кои се важни за компаниите. Владата треба да интервенира преку различни модели, кои се општо познати и применувани низ светот, бидејќи не може да се штити само едната страна – стопанството. Работниците исто така мора да бидат заштитени“, рече Битиќи.
Тој додаде дека неговата визија е секој работник да добива достоинствена плата, потенцирајќи дека во минатото зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 23.000 денари е пример за такви политики: „Верувам дека секој еден работник заслужува достоинствена плата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…