Битиќи: Цените достигнаа максимум, зејтинот ќе поефтинува во следниот период

t

Мислам дека сега е достигнат максимумот на цените на прехранбените продукти, моите предвидувања се дека не би требало да одат уште повисоко поради тоа што нема фактори кои би требало да поттикнат уште поголем раст, оцени вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во „360 степени“ на ТВ Алсат.

-Тоа што е најважно е животниот стандард на населението и нивната куповна моќ. Јас велам и отворено дека ние чувствуваме и гледаме дека куповната моќ на граѓаните опаѓа, затоа што растат цените. Јас не сум од тие што велат и прават споредби дали постојните цени на прехранбените продукти се најниски во регионот, затоа што не треба да се споредува, бидејќи куповната моќ е различна во регионот. Тоа што е важно е што можеме ние да направиме. Фактот дека сме во слободна економија, секоја државна интервенција не е во согласност со пазарните правила. Но, и покрај тоа, ние направивме замрзнување на цените, замрзнување на маржата за добивка за одреден временски период, но и ова има лимити до кога може… – рече Битиќи.

Околу цената на зејтинот, која, според најавите, треба да се стабилизира на околу 150 денари за литар, вицепремиерот Битиќи рече оти мисли дека максимумот е достигнат и дека следува период на стабилизирање, па и намалување.

-Кај зејтинот – да, има раст, затоа што имаме прекин на ланецот на понуда, всушност, на сончогледовото семе или на нерафинираниот зејтин, за да пристигне тука и да се рафинира со помал трошок. Всушност, доколку расте на светската берза, дефинитивно, ќе расте и цената, но сега доаѓа летниот период кога ќе имаме наши жетви и приноси на сончоглед и, нужно, основната цена на сончогледовиот зејтин би требало да се намали – вели Битиќи.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…

Реформа во Грција ги намали цените на…

Потрошувачите во Грција ќе забележат намалувања на…

Паднаа цените на нафтата

На глобалните пазари цените на нафтата паднаа…