Објавено на:

Биткоинот достигна нов рекорд и највисока вредност во историјата

t

Вредноста на биткоинот достигна ново највисоко ниво на сите времиња, продолжувајќи го импресивниот пораст од над 50% откако Доналд Трамп победи на претседателските избори на 5 ноември.

Најголемата криптовалута во светот накратко надмина 106.000 долари пред да се стабилизира околу 105.000 долари за време на азиското тргување во понеделникот.

Очекувањата се дека новата администрација на Трамп ќе биде многу поповолна за криптовалутите отколку што беше случајот со администрацијата на Џо Бајден.

Новоизбраниот претседател Трамп во четвртокот ја објави можноста за создавање национална резерва на биткоин, слична на стратешкиот нафтен резерват што САД веќе го поседуваат.

„Постизборниот раст на Биткоин беше параболичен, а ефектот FOMO (страв од пропуштање) добива на интензитет“, изјави за Би-Би-Си Питер МекГваер, аналитичар на трговската платформа XM.com.

„Многу инвеститори веруваат дека биткоинот може да достигне 120.000 долари до крајот на годината, додека 2025 година се прогнозира да скокне на повеќе од 150.000 долари до средината на годината“, додаде Мекгваер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…