Битно го земавме – Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем
Министерот за транспорт Александар Николоски по потпишувањето на договорот за задолжување со Обединетото Кралство во Вечерното шоу на Богдан Илиевски рече дека условите за кредитирањето не се познати во моментов и тоа ќе биде јасно понатаму. Од предвидените 6 милијарди евра, прво од британскиот заем ќе се финансира железничкиот Коридор 10.
– Генерално, она што можам да кажам, допрва ние треба да ги добиеме условите, но тие ќе бидат најдобрите услови за финансирање кои што Македонија може да ги добие на пазарот. Прво она што треба да го разберат граѓаните е дека ние како економија не можеме да изнесеме сами проект поголем од 300 до 350 милиони евра. Над тоа Македонија не отишла никогаш Ова е единечен најголем проект до сега кој ќе чини помеѓу 1,7 и 2 милијарди евра. Ако претходно ссме можеле да земеме кредит до најмногу 350 милиони евра, сега одиме на кредит од 2 милијарди, рече вицепремиерот во емисијата.
Според Николоски, Британија е најдобриот „жирант“ во светот и кредитот ќе биде подигнат според британски кредитен рејтинг, а тоа според министерот значи и помали кредитни стапки.
Министерот претходно рече дека договорото за стратешко партнерство со Британија ќе се потпише помеѓу двата премиери во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…