Битола задушена во долгови, Левица прашува: Дали Мицкоски ги задолжува општините за да ги финансира скапите предизборни кампањи?!

t

ДПМНЕ во Битола со 15 милиони денари долг ги загуши јавните претпријатија за една година, велат од политичката партија Левица од каде прашуваат дали Мицкоски преку задолжувањето на општините ги финансира неговите скапи кампањи.

-Погубниот тренд на генерирање долгови на јавните претпријатија и нивно катастрофално менаџирање продолжува и со локалната власт на ДПМНЕ. Наместо КРИВИЧНИ пријави за корумпираното работење на претходните локални власти од СДС поради неодговорно раководење со јавните претпријатија, градоначалниците на ДПМНЕ продолжуваат да ги задолжуваат општините и општинските претпријатија.

Катастрофална е ситуацијата во општина Битола, со која раководи градоначалникот од редовите на ДПМНЕ, Тони КОЊАНОВСКИ. Финансиските извештаи покажуваат дека, само во една година, долгот во три јавни претпријатија во оваа општина се зголемил за неверојатни 15 милиони денари!

Најкритична е состојбата во битолското ЈП Водовод, каде долгот се зголемил за 10 милиони денари и на крајот од 2022 година изнесувал речиси 18.500.000 денари.

Со оглед на фактот дека голем дел од општините прв пат се задолжија со кредити, како што беше случајот со општина Аеродром, јавно прашуваме дали на овој начин партијата на Мицкоски ги финансисира своите скапи предизборни активности?! Веќе воспоставена пракса е овие две криминогени партии да ги цедат буџетите на централно и локално ниво за свои лукративни цели, а особено кога е во прашање предизборен период.

Јасно е дека овие две партии немаат капацитет да излезат од своите тесно партиски интереси и три децении меѓусебно ги амнестираат своите криминали, додека јавните институции се загушени во ПАРТИЗАЦИЈА, нефункционалност и долгови. Впрочем, нивниот модус операнди единствено почива на владеење преку партиски вработувања и тендер-зделки, без кои овие две партии веднаш би биле избришани од политичката сцена. – велат од Левица.

Општините, јавните претпријатија и државата воопшто се презадолжени, а детални бројки и податоци кој колку должи може да слушнете во МРЕЖА, на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кавадарци вечерва е најзагаден град во Македонија

Кавадарци, Струмица, Велес, Битола вечерва се меѓу…

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

Апасиев бара одложување на лидерската средба! Утре…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, предмалку на…

(Фото) Европратеникот од Ирска, Мик Волас: Левица…

Познатиот европратеник од Ирска Мик Волас кој…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…