Битола на нозе, се бара билет повеќе за вечерашниот дуел

t

Битола денес ќе биде во центарот на вниманието. Еурофарм Пелистер ја отвора европската сезона со домашен натпревар против Скандерборг Архус во рамки од ЕХФ Европската лига.

Последниот натпревар на пелистерци во домашното првенство не ветува многу. Меѓутоа и покрај тоа, тие се фаворити за бодовите на оваа средба, која ја играат пред своите навивачи во „Боро Чурлевски“. Билетите се распродадени, па се очекува нов ракометен спектакл на битолските љубители на ракометот.

Осмопласираната екипа во данскиот шампионат е свесна каде гостува и дека ќе биде екстремно тешко да се стигне до бодовите. Жешкиот терен ќе биде дополнителен притисок за Архус, кој сепак доаѓа со амбиција да однесе цел плен од овој натпревар. Тимот на Ник Расмусен не знае за пораз на последните седум меча во сите конкуренции. Тоа е показател и за задачата која ќе мора да ја одработи Ларс Валтер, ако сака „зелено-белите“ да се радуваа на воведниот меч во Европа оваа сезона.

Германски судии ќе бидат задолежени за делење на правдата. Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд ќе бидат дел од првиот меч на македонскиот претставник во Европската лига. Натпреварот се игра денес со почеток од 20:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…