Битолчанец објавил слика со оружје и се заканил на висок функционер
Во Полициската станица Битола денеска бил извршен службен разговор со двајцата битолчани А.С. и Р.С. на возраст од 42 и 41 година. А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот, тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Во полициска станица, од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје, се наведува во соопштението.
За настанот бил запознаен јавен обвинител.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…
Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…
Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…
Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…
ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…
Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…
На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…