Близначките на Христина Пан го прославија 3-тиот роденден откако малата Тара го победи ракот

t

По долг бурен период, семејството на Христина Младенов има уште еден прекрасен повод за славење.
Македонската блогерка, позната на социјалните мрежи како Христина Пан, сподели дека нејзините близначки го прославија 3-тиот роденден.

Откако минатиот месец малата Тара одбележа победа над ракот, сега со својата сестричка ги дувна свеќичките на роденденските мафини.

„3 најубави, најтешки, најпредизвикувачки години, ама полни со љубов најголема! Среќен роденден Хана и Тара!“ – напиша Христина во описот на објавените фотографии на Instagram.

Роденден на близначите на Христина МладеновРоденден на близначите на Христина МладеновРоденден на близначите на Христина МладеновРоденден на близначите на Христина МладеновРоденден на близначите на Христина МладеновРоденден на близначите на Христина Младенов
Тара минатиот месец заѕвони на победничкото ѕвонче на Детската клиника во Скопје.

Христина и нејзиниот сопруг Петар имаат три деца. Тие долги години воделе борба со неплодноста, а потоа успеале да ги добијат близначките Хана и Тара.

Нивната најмала ќеркичка во јуни наполни пет месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сеќавање на Јовица, нека кампањата биде…

Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од…

Трамп жестоко го нападна Axios: „На Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп категорично демантираше дека…

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со…

По средбите со претставници на Американската финансиска…

Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…

Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…

Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот…

Тензиите меѓу САД и Иран повторно растат…