Блинкен бара јасен став на Г7 за судирот меѓу Хамас и Израел
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги повика министрите на земјите од Г7, кои се среќаваат во Токио, да изразат јасен став за конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Ова е многу важен момент во врска со оваа криза и Г7 мора јасно и едногласно да се изрази, изјави Блинкен пред средбата со јапонскиот колега Јоко Камикава и вечерата со министрите за надворешни работи на земјите од Г7.
Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Г7 денеска и утре одржуваат средба во Токио.
На состанокот ќе се разговара за конфликтот меѓу Израел и Хамас, војната во Украина, како и други прашања од Кавказ до Азија и Пацификот. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…