Блинкен: Испраќаме значителен пакет со многу потребна муниција во Украина
Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен најави нова воена помош за Украина.
-Испраќаме нов значаен пакет со многу потребна муниција во Украина. Овој пакет ќе им помогне на Украинците да ги заштитат своите сили и нивните резерви и да ги зајакнат нивните способности преку линијата на фронтот, објави Блинкен на „X“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари за новиот пакет воена помош.
-Новиот пакет воена помош вклучува противвоздушни ракети од типот Стингер, ракети за моќни ракетни фрлачи од типот ХИМАРС, противтенковски ракети и артилериски гранати од калибар 155 мм, најави Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венс по серијата прекини во САД: Владата…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека…
Пленковиќ од Вуковар: Нема попуштање кон Србија…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Вуковар…
Нема да има веќе колони?! Се размислува…
Се размислува за воведување електронска наплата на…
САД предупредуваат: Хакери поврзани со Иран ги…
Хакери поврзани со иранската влада и проирански…
Петрова најавува сопки и за Србија во…
Бугарија не дава безусловна поддршка на ниту…