Објавено на:

Блинкен: На ​​Xамас е да го прифати прекинот на огнот

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави дека зависи од палестинската милитантна група Хамас да се согласи на прекин на огнот што ќе овозможи да се достави поголема хуманитарна помош во Појасот Газа и што ќе го отвори патот за разговори за „трајно решение до конфликтот“.

Пред средбата со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, тој изјави дека Вашингтон се уште инсистира на прекин на огнот, пренесува Ројтерс.

„Сè зависи од Хамас. Прашањето е дали Хамас ќе одлучи или не за прекин на огнот што ќе биде од корист за сите. Топката е во нивен терен. Интензивно работиме на прекин на огнот, а ќе видиме што ќе изберат“, изјави Блинкен, пренесува Танјуг.

Претставниците на Хамас ги напуштија разговорите за прекин на огнот во Каиро на консултации во четвртокот.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за недостиг на договор кој ќе бара од Хамас да ослободи некои од заложниците што ги држи во замена за 40-дневно примирје.

Од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел се убиени повеќе од 30.000 Палестинци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…