Објавено на:

Блинкен: Оваа војна е напад не само врз Украина, туку и врз меѓународниот поредок

t

„Оваа војна е напад не само врз Украина, туку и врз меѓународниот поредок заснован на правила што се обидуваат да го одбранат меѓународниот мир и стабилност и да поддржат, според Повелбата на Обединетите нации, „еднакви права на мажите и жените и големи и мали народи“, посочи Блинкен на виртуелна панел сесија на тема „Праведен и траен мир во Украина“, пред утрешното отворање на вториот Самит за демократија

Тој потсети дека жртви на руската агресија не се само Украинците, туку и луѓе ширум светот, се вели во соопштението на Стејт департментот.

„За мирот да биде праведен, тој мора да ги поддржува принципите во срцето на Повелбата на ОН – суверенитет, територијален интегритет, независност. А за мирот да биде траен, мора да обезбеди дека Русија не може да се одмори и да ги оспособи своите трупи, а потоа повторно да покрене војна во времето кое за неа е поповолно“, рече американскиот државен секретар и додаде дека не се работи само за иднината на Украина, туку и за иднината на меѓународниот поредок.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека Русија има за цел да го уништи светскиот поредок врз основа на меѓународното право и Повелбата на ОН.

„Украинскиот народ ќе прифати мир само доколку гарантира целосен прекин на руската агресија, целосно повлекување на руските трупи од украинска територија и обновување на територијалниот интегритет на нашата земја во меѓународно признатите граници“, рече украинскиот министер, истакнувајќи дека мировниот план беше признат и одобрен од Генералното собрание на Обединетите нации.

Како што додаде, Русија прибегнува кон нуклеарни уцени и закани, како и закани за еколошката и енергетската стабилност и безбедноста на храната, а агресијата е проследена со грозоморни злосторства, при што се верува дека во Мариупол биле убиени десетици илјади цивили. /МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…