Објавено на:

Блинкен: Ослободувањето на петмината Американци од затвор во Иран е позитивен чекор

t

Блинкен им рече на новинарите дека Стејт департментот вчера разговарал со петте Американци и дека нема сознанија за други Американци кои сè уште се држат во Иран.

Техеран и Вашингтон постигнаа договор за размена на затвореници и ослободување на блокираните ирански средства, објави вчера АП. Иранските власти префрлија петмина иранско-американски државјани од затвор во домашен притвор како дел од договорот за одмрзнување на милијарди долари блокирани во Јужна Кореја, соопштија американски и ирански официјални лица. Договорот е постигнат по неколкумесечни засилени тензии меѓу двете земји, јави АП.

Иранските власти во Обединетите нации ги потврдија условите на договорот, додавајќи дека трансферот на затвореници „означува значаен почетен чекор во спроведувањето на овој договор“.

Тие, исто така, потврдија дека договорот вклучувал шест до седум милијарди долари кои биле замрзнати како резултат на санкциите.

Иранската мисија во ОН соопшти дека парите ќе бидат префрлени во Катар пред да бидат испратени во Иран, доколку договорот биде спроведен. Конечниот трансфер на пари и евентуалното ослободување на петмината уапсени се очекува во текот на следниот месец, поради сложеноста на финансиските трансакции, велат надлежните.

Договорот е постигнат во време на големо трупање на американска војска во Персискиот залив, со можност американските трупи да се качат и да ги чуваат трговските бродови во Ормускиот теснец, низ кој минуваат 20 отсто од сите испораки на нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…