Блинкен побара од Кина, Турција и Саудиска Арабија да го одвратат Иран да го нападне Израел
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговараше со министрите за надворешни работи на Кина, Турција и Саудиска Арабија и побара од нив да го искористат своето влијание врз Иран и да го одвратат официјален Техеран од потенцијален напад врз Израел.
„Секретарот Блинкен имаше низа повици до странски колеги, вклучително и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фајсал бин Фархан, на кои јасно им стави до знаење дека ескалацијата не е во ничиј интерес и дека земјите треба да го одвратат Иран од ескалација“, рече Милер на брифингот со новинарите.
Тој додаде дека американските претставници претходните денови разговарале со европските партнери и ги повикале да испратат јасна порака до Иран дека „ескалацијата не е во интерес на Иран, регионот и светот“.
Претходно оваа недела, Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека САД и нивните сојузници веруваат дека иранскиот напад врз Израел е неизбежен.
Потенцијален напад, со употреба на ракети со висока прецизност, наводно би можел да се случи во наредните денови, наведуваат изворите на Блумберг, додавајќи дека прашање е само кога Иран директно или индиректно ќе го нападне Израел, а не дали ќе го нападне.
Веста за ова подоцна ја објави Ројтерс.
Односите меѓу Израел и Иран станаа позатегнати по избивањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…