Објавено на:

Блинкен: Превирањата во Русија можеби сè уште не се завршени

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека превирањата предизвикани од бунтот „Вагнер“ во Русија можеби сè уште не се завршени и би можеле да продолжат во наредните недели или месеци.

Во интервју за американските медиуми, Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си и Си-Би-Ес, тој рече дека бунтот е „директен предизвик за авторитетот на Путин“ и дека укажува на вистинските пукнатини во моќта на рускиот претседател, пренесува Би-Би-Си.

Блинкен изјави дека е рано да се зборува за тоа што ќе се случи со борците од „Вагнер“ кои вчера учествуваа во бунтот.

Тој додаде дека одлуката на Путин да ја нападне Украина создаде хаос во Русија.

„Ако го ставите ова во контекст пред 16 месеци, Путин беше на прагот на Киев, сакајќи да го земе градот за неколку дена и да ја избрише Украина од мапата. Сега мораше да ја брани Москва, главниот град на Русија, од платениците кои самиот ги создаде“, изјави Блинкен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…