Блинкен: Русија ќе мора да ѝ плати репарации на Украина
Највисокиот американски дипломат го извести украинскиот претседател Володимир Зеленски дека американската воена помош „е на пат“.
Притоа Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека рускиот претседател Владимир Путин мора да плати за да го обнови она што го уништи во Украина, пренесува „BBC“.
„Она што Путин го уништи, Русија треба – мора – да го плати за обнова. Тоа го бара меѓународното право. И тоа го заслужува украинскиот народ“, рече Блинкен за време на неговиот говор на Политехничкиот универзитет во Киев.
Зборувајќи во Киев, Блинкен рече дека Вашингтон има моќ да ги заплени руските средства во САД и ќе ги искористи за да помогне во обновата на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…