Блиски роднини со тврд предмет тепале жена и маж во Велешко, полицијата го нашла оружјето

t

Жена од село во Велешко, кое полицијата не го открива за да ги заштити жртвите, пријавила дека во нејзиниот дом, таа и сопругот биле нападнати од нејзините татко и брат, кои користеле тврд предмет, соопшти МВР. Полицијата го нашла и предметот, се вели во соопштението.

„На 09.08.2026 во 11:10 часот во СВР Велес, 45-годишна жена од село во велешко пријави дека во домот, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко В.Џ. и нејзиниот брат А.Џ., при што употребиле и дрвен предмет. Предметот бил пронајден и одземен и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…

Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…

Жена украла козметика од гостиварска аптека, ја…

Жена вчера украла козметички производи од аптека…

Наставничка натепала ученик во училиште во Тетово

Наставничка нападнала ученик во основно училиште во…

Мајка ќе одговара за „одземање на дете“,…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37)…