Блокирани се граничните премини меѓу Косово и Србија по убиството на полицаецот

t

Еден косовски полицаец е убиен, а двајца се повредени во пукање што се случило рано утринава во областа Звечани, на северот на Косово, потврди косовската полиција.

Косовскиот премиер Албин Курти исто така го потврди пукањето на социјалната мрежа „Фејсбук“, наведувајќи дека полицијата била нападната во селото Бањска и нападот го нарече терористички чин.

Курти истакна дека овој организиран криминал кој се случува е со „политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград“.

Косовскиот премиер информираше и дека убиениот полицаец бил наредник.

Останатите двајца полицајци се надвор од животна опасност и се на лекување во Приштина.

Српските медиуми пренесуваат дека е затворен граничниот премин Јариње.

Слична е состојбата и на преминот Брњак, јавува српски Курир.

Засега не е позната причината поради која возилата и луѓето не се пропуштаат на Косово од Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…

Отпочната реконструкцијата на патот Добри Дол –…

Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска…

Божиновска: Сонцето станува еден од главните столбови…

Македонија сè посилно го претвора својот сончев…

Социјални платформи да ги бришат видеата што…

„Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги…

„Шест недели нема објавен извештај за водата…

Шест недели по проблемите со водоснабдувањето во…