Објавено на:

Блумберг: Руските милијардери вратија 50 милијарди долари од Европа во Русија

t

Од февруари 2022 година, руските милијардери ѝ вратиле на Русија имот во вредност од најмалку 50 милијарди долари, пишува „Блумберг“.
Имено, агенцијата наведува дека неодамна акционерите на United Medical Group CY Plc и MD Medical Group Investments Plc одобриле пререгистрација на компании од Кипар во Русија.


Се посочува дека по преминувањето на споменатите компании под руска јурисдикција, вкупната вредност на средствата пренесени во Русија заклучно со февруари 2022 година е зголемена на најмалку 50 милијарди долари.


Како што е наведено, со ова се прекинува долгогодишната практика на чување средства во Европа, со користење правни системи кои се поволни за инвеститорите и можност за добивање дивиденди во странска валута со ниски даноци.
„Блумберг“ наведува дека најбогатите Руси почнале да ги повлекуваат средствата за Русија по започнувањето на специјалната воена операција во Украина, бидејќи руските бизнисмени се повеќе биле мета на санкции од западните земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…

Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…