Објавено на:

Блумберг: САД се премногу зависни од руското нуклеарно гориво

t

АД прават неверојатни трошоци поради нивната преголема зависност од Русија за нуклеарно гориво. Со цел да се реши овој проблем, Америка планира да го зголеми производството на збогатен ураниум, наведува Блумберг.

Советникот за нуклеарна енергија на Белата куќа, Пранај Вади и извршната директорка на „Уренко“, Карен Фили истакнаа дека не само САД туку и целиот свет се премногу зависни од Русија во областа на нуклеарното гориво.

Според податоците на Блумберг, фабриката „Уренко“ која се наоѓа на територијата на американската сојузна држава Ново Мексико обезбедува околу една третина од потребите на САД за збогатен ураниум и е во процес на зголемување на производството за 15 отсто.

Според Фили, зголемувањето на капацитетот ќе биде завршено во 2027 година. Таа изјави дека тоа заедно со зголемувањето на капацитетот на главната компанија во Европа ќе биде доволно за покривање на уделот на „Росатом“ на американскиот пазар.

Таа не откри детали за тоа како може да се заобиколат санкциите.

– Ние сме разумно решение за САД. Зголемувањето на производството од „Уренко“ ќе биде доволно за да се покрие секој увозен дефицит од Русија, посочи Фили.

Поранешниот заменик-секретар за енергетика на САД, а сега главен извршен директор на корпорацијата за производство на збогатен ураниум за користење на нуклеарната станица „Центрус енерџи“, Ден Паунман оцени дека зголемувањето на капацитетот на централата „Уренко“ во САД за 15 проценти не се доволни за напојување на светските реактори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…