Боби од Гази Баба потрошил 340 илјади евра за вработувања, а камиончето за собирање смет е расипано па се прави распоред за да се чисти општината!

t

#СоздадиНоваИднина слоганот на #дпмне на последните локални избори во Гази Баба значеше токму ова.

Распоред, кој ден во кое населено место ќе има контејнер, па и камиончето било расипано.

Да потсетам дека сме 21 век а ние разговараме за РАСПОРЕД.

Да потсетам дека таа партија е 30 ГОДИНИ на локална власт овде во Гази Баба,

30 ГОДИНИ не се мислело на основната потреба на граѓаните – контејнери!

Да потсетам дека по заминувањето на претходникот во касата на општината беа оставени три милиони евра за работа, за денес да немаат пари да купат контејнери и механизација.

Да потсетам дека од тие пари 340 000 илјади евра се потрошија на партиски вработувања за само две години, а за контејнери пари немаше.

Да потсетам дека општината побара ново задолжување за 5 МИЛИОНИ ЕВРА.

Ова ли е новата иднина кои ја избраа граѓаните ?

Ова ли е преродбата која ја ветивте пред нив ?

30 години слогани за модерна, обновена, европска, создавате иднина .. а сепак, контејнери нема.

Генерациите се сменија пријатели.

Празните флоскули, реторики и методи со кои се служите се веќе одамна минато.

Отчетот на сработеното за сите триесет години е рамно на пандемониум кога ќе ја погледнеме општината како изгледа и како се развива.

Тргнете ги рацете од општината до следните избори, намалете ја штетата на сите нас.

А тогаш, оваа смена на генерација ќе дојде по своето, ви ветувам.

Градоначалник е одговорност – не функција!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…