Богоев: Веќе се е јасно, во Македонија има проруски и проевропски фронт
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во своја објава на Фејсбук по повод преговорите на Мицкоски со Апасиев за коалиција за претстојните парламентарни избори напиша дека нештата станале јасни и дека сега точно се гледа кој е за режим и изолација, а кој е за подобар животен стандард на граѓаните.
„Во Македонија има проруски и проевропски фронт. Фронт кој сака режим и изолација повторно и фронт кој сака повисоки плати, пензии и подобар животен стандард. Фронт за заробени медиуми, заробена држава и слободарски фронт“, вели Богоев во својата објава.
Тој испрати порака до граѓаните дека можат сами да изберат и одлучат.
„Глас за Апасиев е глас за Мицкоски и обратно. Коалиција Девица!“, заклучи Богоев во објавата.
Претходно во гостување во емисијата Тешки муабети, аналитачарот Благојче Атанасовски истакна дека СДСМ успеа да се факторизира во очите на странците токму со негласањето на уставните измени, со што добија можност да ја престават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како тотално некооперативни и непожелни за соработка со странскиот фактор.
– Сите анализи одат во таа насока, дури и условеното прифаќање на премиерот за одржување на споени избори на осми мај, коешто сѐ уште не е прифатено, меѓутоа ставот на премиерот во изминатите неколку месеци беше дека СДСМ ќе оди на редовни парламентарни и редовни претседателски избори одвоени и наеднаш ја смени таа своја политика, прифаќајќи го, условно кажано, ставот на ВМРО-ДПМНЕ за споени избори, тие бараа предвремени, но ќе излезат на осми мај.
Што е поентата, зошто премиерот отстапува и оди во таа насока? Веројатно тоа не е одлука на премиерот, туку е одлука на американската амбасада кај нас, алудирам на тоа вие што го велите во Вашето прашање дека во очите на странците ВМРО-ДПМНЕ е веќе прифатена како тотално некооперативна партија, со која не може да се разговара за понатамошни чекори за европската интеграција на Македонија и дека самите странци и покрај противењето на ДУИ и Алијанса за Албанците дали е политички исправно да се оди во коалиција со СДСМ, таа предизборна коалиција ќе биде проект на странците, читај Американците, токму во оваа насока за да обезбеди широк фронт и да се спречи доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт бидејќи не е кооперативна, истакна Атанасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…