Богоев: Мене ми го гласаа буџетот, Јакимовски сега го блокираат – граѓаните се крајно незадоволни од градоначалниците на ДПМНЕ
Граѓаните се крајно незадоволни од градоначалниците на ДПМНЕ, тоа го покажуваат истражувањата, истакна потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за „Слободен печат“.
Богоев ги повика ДПМНЕ да си ги видат анкетите за задоволството од нивната градоначалничка во Скопје, од нивниот градоначалник во Битола, во Велес, Штип, Аеродром и нивните рејтинзи, кои покажуваат крајно разочарување на граѓаните.
Онаму каде ДПМНЕ е најслаб со градоначалници и нивно делување и исполнување на програмата што ја ветиле, а тоа се мнозинството општини, тоа ќе им се рефлектриа и на изборните резултати, рече Богоев.
Потпретседателот Богоев како пример ја наведе општина Карпош, каде советниците на ДПМНЕ и Левица во коалиција прават блокади, кочат и ја уништуваат општината.
Во Карпош мене ми е жал и јас тоа го предвидов пред две години уште во прв круг кога го видов составот на Советот. Кога видов дека дел од граѓаните во заблуда дале поддршка на советници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица знаев дека ќе дојде до блокади кочење и уништување на општината сега ги гледам и буџетот дека го кочат. Јас четири години таму сум бил еден од фронтмените на опозициско делува, потоа четири години бев градоначалник меѓутоа да се кочи буџет на општина тоа никогаш не се случило ни коа сме биле опозиција, ниту кога сме биле на власт. Дури јас кога бев на власт ВМРО-ДПМНЕ со тој советнички состав го поддржувал буџетот, сме го усогласувале буџецтот и го поддржувал, вели Богоев.
-Сега ги гледам го кочат буџетот. Тоа се средства за плати за луѓето што ја одржуваат хигиената на општината, за одржување на водоводи училишта, градинки, кај што одат нашите деца. Тука се гледа злонамерноста на ДПМНЕ и на Левица, додаде Богоев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…