Богоев оди дома: Прифатена гаранција за укинување на мерката притвор

t

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со понудена гаранција на осомничениот С.Б., изјавена против решение на судија на претходна постапка од 04.06.2026 година со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, донесе решение со кое ЈА УВАЖИ жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот
Определената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра, во денарска противвредност во корист на РС Македонија, а кој износ се депонира како гаранција за обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката.

Дополнително спрема обвинетиот се определуваат и мерки на претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 од ЗКП односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница.

Доколку осомничениот не се придржува на определената мерка на претпазливост, судот може да определи други построги мерки за обезбедување присуство.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Богоев оди дома: Прифатена гаранција за укинување…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје,…

Силата е во Стојна: Ова е жената…

Стојна Димитровска Боотх, која со години нелегално…

Груевски: Никогаш во животот не сум се…

Никогаш во животот не сум се сретнал…

Апелација ја потврди казната затвор од една…

Второ степениот суд, постапувајќи по жалба на…

Кривична за 80-годишник кој силувал 14 годишник…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе…