Богоев од посетата на „ИГМ трејд“: Дијалог и спроведување мерки за олеснување на трговијата, клучно за забрзан раст на економијата
„ИГМ трејд“ е еден од најголемите домашни инвеститори во државата со вкупни инвестиции на ниво на групација во 2023 година од 15 милиони евра и извоз од 120 милиони евра.
Оваа компанија е пример како со визија може да се прерасне во светски гигант, кој е препознатлив и на меѓународниот пазар. Континуираниот дијалог со македонските компании е во насока на креирање ефективни политики и мерки со кои ги подобруваме услугите, а со тоа и условите за водење бизнис. Ова е клучно за остварување забрзан раст на економијата, што придонесува за повеќе работни места и подобрување на животниот стандард“, истакна директорот Стефан Богоев при посетата на македонската компанија „ИГМ трејд“ во Кавадарци.
„Како институција која е партнер на македонските компании, од голема важност ни е спроведување реформски политики и имплементација на мерки што за компаниите ќе значат олеснување на трговијата, а преку имплементација на системи што ќе придонесат за отстранување на бирократските процедури и побрзо издавање на потребните одобренија за увоз и извоз. Во моментот преземаме активности за имплементација на националниот едношалтерски систем, кој подразбира имплементација на еден цел реформски процес, во кој се вклучени 16 институции сè со цел да се овозможи олеснување и забрзување на трговијата како клучно за подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Паралелно работиме и на унапредување на другите системи и нивно усогласување со системите што се користат во ЕУ“, вели Богоев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА БАНКА БИТОЛА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НОВ…
АЛТА банка Битола би можела да добие…
(Видео) ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МОСКВА: САД ЈА…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) официјално…
ТРАМП: ОД ВЕНЕЦУЕЛСКАТА НАФТА ЗАРАБОТИВМЕ ДЕСЕТ ПАТИ…
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Соединетите…
ИРАН ПРЕД ПРОМЕНА НА НУКЛЕАРНАТА ДОКТРИНА? Од…
Во услови на зголемени воени тензии на…
По судирот пред Уставниот суд, полската опозиција…
Полската опозиција најави покренување на иницијатива за…