Богоев: СДСМ инвестира во рамномерен развој – Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тонат во безидејност

t

СДСМ како централна и како локална власт инвестира во проекти важни за локалниот економски раст и во мерки што значат поддршка на граѓаните во време на криза, порача потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Старо Нагоричане.

– Овде во општина Старо Нагоричане СДСМ за овие години има инвестирано во 20 километри патна инфраструктура, се инвестираше и во водоводи преку програмата ТАВ и добро е што оваа општина и денес продолжува да се развива. Особено значајно е што општина Старо Нагоричане е дел од стратешката инвестиција во енергетиката ветерната електрана „Вирови“ која освен што ќе донесе енергетска независност ќе обебзеди и нови вработувања и повеќе средства во буџетот на општината. Сето тоа е благодарение на посветеноста на СДСМ да инвестира во секое населено место во државата, порача Богоев.

Богоев истакна дека градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска е пример за тоа како треба да се работи одговорно, отчетно и посветено за граѓаните, додавајќи дека за разлика од неа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработење.

– Гледајте што се случува во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ по само една измината година. Општините тонат во безидејност, нема нови проекти,  јавните претпријатија се пред колапс, а граѓаните во време на криза, плаќаат повисоки комунални услуги. Тоа е сосема различно од одговорниот, чесен и домаќински пристап на градоначалничката Јовановска од која другите градоначалници, а особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, можат да учат, порача Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…