Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини присуствуваше на официјалната презентација на новиот болид на MES Racing, македонскиот Formula Student тим составен од млади инженери и студенти кои во текот на изминатата година посветено работеа на неговиот развој.
На настанот, кој се одржа во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје, тимот ги претстави резултатите од изминатата сезона, процесот на работа и новиот болид, по што следуваше и негово демонстративно возење.
За министерката Божиновска, ваквите проекти се најдобар пример дека Македонија има млади луѓе со знаење, амбиција и капацитет да создаваат сложени инженерски решенија и да се натпреваруваат на меѓународната сцена.
„Македонија има иднина. А нејзината иднина се младите. Денес видовме што се случува кога знаењето, идеите, храброста и истрајноста ќе добијат поддршка. Овој болид не е само технички производ – тој е резултат на знаење, тимска работа, посветеност и многу часови вложен труд на овие млади луѓе“, истакна министерката Божиновска.
Таа посочи дека инвестицијата во младите инженери, науката, техничкото знаење и иновациите е инвестиција во македонската економија и индустрија, затоа што токму вакви кадри се потребни за создавање современа, конкурентна и технолошки напредна економија.
„Како институции мораме да бидеме поддршка за младите кои создаваат. Нашата задача е да им помогнеме нивното знаење и идеи да добијат можност да се развиваат и да станат дел од реалниот индустриски и економски развој. Не смееме да дозволиме талентот да остане само потенцијал – треба да создадеме услови тој да се претвори во резултат“, порача Божиновска.
Особено значење има фактот што на проектот работат студенти од различни области, кои низ практична работа ги применуваат своите знаења од инженерството, машинството, електротехниката и други дисциплини, функционирајќи како вистински инженерски тим.
По презентацијата, министерката Божиновска доби благодарница од тимот MES Racing за досегашната поддршка.
„Јас, пак, им благодарам ним – затоа што покажуваат дека младите не се само иднината на Македонија. Тие се нејзиниот сегашен потенцијал. Продолжете да создавате, продолжете да поместувате граници. Македонија има потреба од вас“, порача министерката.
MES Racing е првиот и единствен македонски Formula Student тим, а преку своето учество на меѓународни натпревари ги претставува Македонија, македонското студентско инженерство и потенцијалот на младите инженери.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на поддршката на младите, науката, иновациите и инженерските иницијативи, како важен дел од создавањето нови знаења, современи технологии и кадри кои ќе ја движат македонската економија напред, велат од министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Божиновска на презентацијата на новиот болид на…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини…
Предупредувања за ВИ апокалипса: Сите погледи се…
Ваквото сценарио не е сосем ново. Имено,…
Лидерката на АФД: Украинците, посебно младите и…
Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис…
Канада негираше дека сака членство во ЕУ,…
Премиерот Марк Карни изјави дека Канада сака…
Северна Кореја може да испрати до 50.000…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија…