Божиновски до Колев: “Ви треба скала за да можете да се качите и да му се фатите на “Џуџето од Небрегово”, копита”

t

Битолчанецот Божидар Божиновски реагира на Фејсбук статусот на Петар Колев кој го навредува Блаже Конески нарекувајќи го “џуџето од Небрегово.”

Колев на неговиот Фејсбук профил напиша:

„На 5 мај во 1945 година, со решението од тогашната Народна влада на Федерална Македонија, е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а набргу, еден месец подоцна и правописот на македонскиот јазик. Овој процес е свечено заокружен со делата на Блаже Конески – Граматиката, Речникот и Историјата на македонскиот јазик.

Благодарение на сето тоа денеска пишуваме к’рв со апостроф, в’ рв со апостроф и т’га за југ со апостроф, а истовремено со тоа не можеме да прочитаме ниту едно писмо на револуционерите во оригинал или пак автор на поезија и проза кој пишувал пред 1945 година. Со други зборови, сме полуписмени субјекти кои не можат да си ги читаат своите дедовци во оригинал.

Затоа Блаже Коневски е и ќе остане џуџето од Небрегово, кое го осакати собствениот народ и го направи полуписмен“.

На ова Божиновски кратко одговори:

Ви треба скала за да можете да се качите и да му се фатите на “Џуџето од Небрегово”, копита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…

(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…

(Видео) Петар кој ја насмеа Македонија стана…

Петар е детето кое ја насмеа македонската…