Божиновски: Едните се слепи ко ќе е вмро на власт, па отвараат очи, другите ослепуваат ко ќе дојде сдсм на власт затоа сме до тука

t

Многу е кажано на тема Македонија, а малку е направено. Нит сме независни, нит слободни. Ни ко држава ни ко граѓани. Поробени од оние навидум свои вакво дно и очај немало досега. Единствена надеж е дека стигаме до точка каде што нема што да чуваме повеќе, ќе нема што да изгубиме па може и после тоа да нѐ биде. Дојде време да е срамота, според некои, да се каже Македонија, да се изјасниш ко Македонец. Дојде време сопствената држава да те брише и ништи, она што не успеа ниеден окупатор сега нашите окупатори го прават, заедно со нивните глисти за ситни придобивки.

Ќе има денес говори за обединување, а кога мислат обединување мислат сите да ги прифатиме нивните политики. Такво обединување, не благодарам.

Сѐ знаеме и сѐ ни е јасно и како сме доведени до овде, кој нѐ искраде и уништи, кој не продава на кило, мала земја сме сѐ се знае. Едните се слепи ко ќе е вмро на власт, па отвараат очи, другите ослепуваат ко ќе дојде сдсм на власт, пред то се бунтовници демек за демократија. Кризата ќе им ги отвори на сите очите. Е после или ќе гледаме како пропаѓаме и нѐ снемува или ќе преземеме нешто.

Да живее Македонија ама и ние да поживееме малку

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гром го погоди авионот на „Ер Србија“…

Авионот на компанијата „Ер Србија“, кој во…

(Видео) Пентагон објави нов пакет декласифицирани документи…

Американското Министерство за одбрана во четвртокот објави…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…

(Видео) Полицајци во Белград кршеле прозорци за…

Двајца полициски службеници ризикувале сопствената безбедност за…

Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…

Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…