Божиновски: Останува да видиме дали една искра е доволна – Делото на Ламбе е крик, негов и на многумина за се што се случува

t

Делото на Ламбе е крик, негов, а и на многумина за ова што ни се случува последниве години. Негирање од странство и дома, ништење на сѐ што е македонско, бришење и менување на историјата, терање на јавниот дискурс кон тоа да кажеш дека си Македонец е срамота, поголеми порази што ги имаме во мир отколку во војни и ропство. Дали една искра е доволна за оган останува да видиме. А времето полека нѐ гази, немаме многу за гледање и молчење, напиша битолчанецот Божидар Божиновски на неговиот Фејсбук профил.

Денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави дека е откриен и приведен “пироманот” кој го запалил бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во Битола.

Подоцна се дозна дека тоа е всушнот пејачот Ламбе Алабаковски.

Поддршката за Алабаковски на социјалните мрежи не стивнува!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не може против народот: Ламбе е…

Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе…