Божиновски: Си го баравме и си го добивме

t

Пред ковид-кризата имавме над 400.000 сиромашни со еден оброк на ден. Денес, после две години ковид, економска криза, пад на економијата, инфлација – којзнае колку се.

Под сиромашни Заводот за статистика ги води тие што живеат со помалку од 100 денари на ден.

Два леба, од утре.

Сите несомнено ќе нѐ погоди кризава. Кого повеќе, кого помалку, ама едно е сигурно – си го баравме и си го добивме.

Триесет години слушаме кражба за кражба, скандал за скандал, сите знаеме сѐ што се случува и пак истото.

Малку на власт вмро, малку сдсм, дуи константа. Сами ги гласаме гробарите кои нѐ доведоа до тука.

И ќе биде полошо од ова. И во наредните месеци ќе им плаќаме патни трошоци, вечери, партиски вработувања и хонорари на разни Темелковци, пак ќе местат тендери, пак ќе прават малверзации, пак ќе бидат корумпирани.

Ако ништо друго, стасуваме до точка каде што нема што да изгубиме. А тогаш, или ќе се освестиме или ќе изгинеме во молк.

ФБ статус на Божидар Божиновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…