Божиновски: Ќе треба ли Македонија согласно протоколот да ѝ се извини на Бугарија за џелатите од Ваташа?!
Божидар Божиновски на Фејсбук прашува дали согласно Протоколот потпишан од Османи и Генчовска, Македонија ќе треба да ѝ се ивини на Бугарија за џелатите од Ваташа?!
– “Македонија ќе треба да и се извини на Бугарија за злосторствата врз Бугарите од страна на комунистичкиот режим” – протоколот
На сликата е Љубен Апостолов, полковник на бугарската фашистичка војска, касапот од Ваташа. Тој заедно до соучесниците капетанот Борис Жеглов, потпоручникот Костов и подофицерот Петко Опретков се судени од народниот суд во Кавадарци за масакрот во Ваташа и се осуден на смрт. На оваа казна во Скопје подоцна се осудени и соработниците Димитар Раев и Борис Жуглов.
Дали ќе треба да им се извиниме за казните на џелатите од Ваташа? Дали сад, Велика Британија и ссср треба да се извинат за нинбершките судења и смртните казни на нацистите?
Изгледа и во Софија и тука имаат заборавено како завршуваа соработниците на фашистите, напиша Божиновски на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…