Божиќниот бонус ќе им „тропне“ на грчките работници до 21 декември
Пред божиќните празници и конкретно до 21 декември, грчките работодавачи треба да го исплатат божиќниот бонус на работниците, при чиешто пресметување се води сметка за начинот на наградување на вработените, односно дали им се исплаќа дневница или плата. За 2024 година, тој датум паѓа во сабота. Првично, периодот на пресметка на износот што треба да се уплати на сметката на вработениот во приватниот сектор е 1 мај 2024 година до 31 декември.
Вработените имаат можност преку онлајн апликацијата креирана од KEPEA сами да го пресметаат божиќниот подарок што им следува. Основа за пресметување е заработката која навистина му е исплатена на работникот на 10 декември. Затоа е важно за пресметување на крајниот износ да се разјасни начинот на наградување на вработените, односно дали им се исплаќа дневница или плата.
Во случај кога работниот однос со работодавачот бил порано прекинат, износот се пресметува врз основа на надоместокот исплатен на денот на престанување на работниот однос во претпријатието. Концептот на редовно наградување вклучува плата, како и секоја друга придобивка (во пари или во натура, како што се храна, сместување и сл.) под услов да ги плаќа работодавачот во замена за извршената работа од страна на работникот, редовно секој месец, или постојано, периодично, во одредени интервали од годината, објаснува ПротоТема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…