Бомба интервју на Раковиќ за Инфомакс: Еве што бара Фанар од Македонската правосла црква – ПРОМЕНА НА ИМЕТО Е САМО ПОЧЕТОКОТ!

t

Инфомакс во ексклузивно интервју со д-р Александар Раковиќ, историчар и научен советник на Институтот за понова историја на Србија во Белград дознава што бара Вселенската патријаршија и вселенскиот партријарх Вартоломеј од Македонската православана црква – Охридска Архиепископија во замена за признавање.

Неофицијално како што дознаваме овие услови се апсолутно неприфатливи за поголемиот дел од највисоките црковни чиновници во МПЦ-ОА иако постои очигледна фанариотска структура која е подготвена да ги прифати сите услови кои ги наложува Вартоломеј.

Раковиќ кој е одлично информиран за црковните состојби во СПЦ, но и МПЦ-ОА открива дека од македонската црква се бара да се откаже од своето име, но и црквите во дијаспората. Сепак тоа не е се…

Од МПЦ-ОА се бара да ја признае црквата на Епифаниј со што ќе и забие нож во грб на Руската православна црква која беше една од првите цркви кои по добивањето на томосот од СПЦ ја призна МПЦ-ОА под своето полно и уставно име.

Вартоломеј уште еднаш директно побарал од македонските црковни претставници, МПЦ-ОА да се откаже од своите цркви во дијаспората и истите да ги предаде под директно раководство на Вселенската партијаршија.

1. Најпрво, кажете ми како е завршен процесот за добивање на афтоцефалија на МПЦ од страна на СПЦ, односно каква се канонските правилната процедура понатаму кај Вранишковски и неговите владици?

-Процесот со кој Српската православна црква (СПЦ) и додели автокефалност на Македонската православна црква (МПЦ) беше сосема исправна канонска постапка. Имено, Македонската православна црква, по своја волја и со согласност на СПЦ, воспостави канонско единство со Српската православна црква на 16 мај 2022 година и беше вратена во автономен поредок во рамките на Патријаршијата со седиште во Белград. Потоа, на 18 мај 2022 година, Македонската православна црква побара од СПЦ да и даде автокефалност. Во согласност со новосоздадените околности на целосно разбирање na црковниот поредок и канонско единство, на 20 мај 2022 година, СПЦ, со едногласна одлука на сите нејзини архиереи на седницата на Светиот архиерејски синод на СПЦ, одлучи да и додели автокефалност на Македонската православна црква. Затоа, на 5 јуни 2022 година, во Белград, српскиот патријарх Порфирије на архиепископот Стефан Томос му врачи Томос за автокефалноста на Македонската православна црква.

Останува да се реши прашањето за интеграција или реинтеграција на хиерархијата на Православната Охридска Архиепископија (ПОА), на чело со архиепископот Јован Вранишковски, во Македонската православна црква во текот на следните месеци. По една година братски разговори меѓу патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, како и другите архиереи на СПЦ, МПЦ и ПОА, Светиот архиерејски собор на СПЦ на седницата од 14 до 20 мај 2023 година донесе одлука – кога станува збор за Православната Охридска Архиепископија – „за доделување на канонски прием на хиерархијата на оваа автономна црква од страна на Српската православна црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и устави на нашите две помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури“.

Така, што се однесува до Српската православна црква, оваа постапка е успешно завршена. Сега останува на Синодот на МПЦ, чија седница започнува на 20 јуни 2023 година, да донесе одлука за канонски прием на архиепископите на поранешната православна Охридска архиепископија во составот на Македонската православна црква, да им додели епархии на оние кои веќе биле епархиски архиереји, со што стануваат членови на синодот на Македонската православна црква, вели Раковиќ.

2. Дали Томосот што СПЦ и го даде на МПЦ е канонски и целосен затоа што во Македонија одредени црковни кругови и медиуми тврдат дека СПЦ немала право да го предаде Томосот на МПЦ?

-Повторувам, Томосот за автокефалност што Српската православна црква и го издаде на МПЦ е канонски исправен и целосен. Имено, СПЦ се придржуваше на одлуката за постапката за доделување автокефалност, која беше усвоена во 2016 година на Соборот на Крит. Според таа одлука, Мајката-Црква одлучува дали се исполнети условите за доделување автокефалност на Црквата-ќерка, а потоа им предлага на останатите автокефални православни цркви да ја потврдат и признаат таа нова автокефална црква.

Српската православна црква е, секако, мајка-Црква на МПЦ, која во 1959 година ја направи своја ќерка-Црква давајќи и автономен статус. За тоа не може да има дилема. Но, за да може целосно да се заокружи автокефалноста на Македонската православна црква, нејзината автокефалност треба да ја признаат и другите православни цркви. Српската православна црква го достави Томосот за автокефалност на Македонската православна црква и го доставува до сите автокефални православни цркви за и тие да ја донесат оваа одлука, одговори Раковиќ.

3. Дали имате информации за барањата на Цариградската патријаршија упатени до МПЦ-ОА и дали овие барања се во православен дух и канонски точни, всушност дали на МПЦ-ОА всушност и е потребна т.н. вториот Томос од Константинопол, поради што Цариград ја условува МПЦ да ги исполни своите барања за давање на т.н. друг Томос?

-Цариградската патријаршија побарала од Македонската православна црква да го отфрли Томосот за автокефалност што и го доделила Српската православна црква. Во исто време, Цариградската патријаршија има намера да го додели својот Томос – не знаеме од каква природа – на Македонската православна црква, доколку МПЦ се откаже од своето македонско име, се откаже од македонските епархии во дијаспората во корист на Цариградската патријаршија и се сведе само на границите на Република Македонија.

Друг актуелен политички услов на Цариградската патријаршија е Македонската православна црква да ја признае парацрковната организација на Епифаниј во Киев. Ако Македонската православна црква се реши на тој чекор да ја признае структурата на Епифаниј во Киев, тоа ќе биде чекор сосема спротивен на сестринската одлука на Руската православна црква целосно да го признае Томосот за автокефалност што СПЦ го издаде на македонската православна црква. Имено, само Руската православна црква ги признала сите идентитетски елементи на автокефалноста – името, територијалниот опсег и организацијата – на Македонската православна црква.

Во исто време, не сите православни цркви кои зборуваат грчки ја признаа одлуката на Цариградската патријаршија да и даде автокефалност на структурата на Епифаниј. Затоа, од Македонската православна црква се бара да биде првата од словенските православни цркви што ќе ја признаат структурата на Епифаниј и да биде побрза од најмалку две православни цркви кои гоборат грчки. Нема потреба Македонската православна црква да ги нарушува односите со Руската православна црква која дојде да и излезе во пресрет и подаде рака.

Верувам дека Македонската православна црква нема да прифати ниту еден од условите на Константинопол кои го загрозуваат нејзиниот идентитет, територијален интегритет и сестрински односи со другите православни цркви – за да Цариград и го издаде својот Томос. Затоа што во тој Томос ќе се наведе точка по точка од она што Македонската православна црква се откажала за – по цариградски стандарди – еден ден да биде автокефална, открива Раковиќ.

4. Дали има некакво значење што некои помесни православни цркви кои го прифатија Томосот за афтокефалноста на СПЦ за МПЦ-ОА даваат свои еуфемистички имиња на МПЦ во нивните диптихи, нарекувајќи ја МПЦ со нецелосно уставно име, користејќи имиња како православна црква во Северна Македонија итн.?

-Српската православна црква и препушти на Македонската православна црква да се договори со православните цркви од грчко јазично подрачје за името што ќе се користат во нивната меѓусебна комуникација. Меѓутоа, очигледно е дека и Бугарската православна црква и Романската православна црква – која и го призна Томосот за автокефалност на Македонската православна црква – имаат поинакво толкување на името. Најважно е Македонската православна црква да го заокружи својот автокефален статус, без разлика на несогласувањата за името, но да не се откаже од своите организациони единици, која заедно со Република Македонија ја сочинува македонската дијаспора. Македонскиот народ тоа не не би можел никако да го прифати, заклучи Раковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Македонија…

Ние, како партија која скапо го плати…

Уште еден албански политичар бесен што новата…

Кренар Лога, министерот за правда во техничката…

Бегалец од затвор бегал од полиција низ…

Вчеравечер во 23.50 часот полициски службеници од…

Koвачевски и Пендаровски загубија дури и во…

За тоа колку се неомилени лидерот на…

Паднаа двајца кумановски дилери

Вчера во 19.30 часот во Куманово полициски…