Бомба од Вучиќ: Ако го признаеме Косово Србија експресно ќе влезе во ЕУ
Доколку го признае Косово во ОН, Србија експресно ќе влезе во Европската Унија, рече на денешната прес-конференција Александар Вучиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 8 октомври изјави дека Франција и Германија предложиле Србија да дозволи Косово да се приклучи кон меѓународните институции и организации, вклучително и Обединетите нации (ОН) во замена за брзото членство на Србија во Европската унија (ОН).
„Заклучокот е дека Србија му дозволува на Косово да се приклучи на сите меѓународни институции и организации, вклучително и во ОН. За тоа Србија би добила брз влез во ЕУ и веројатно значителни економски придобивки“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Како што рече Вучиќ, тоа е неприфатливо за Србија.
„За Србија, поради Уставот, но не само поради Уставот, неприфатливо е Косово да биде членка на ОН и тоа ќе ги сноси своите последици“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека ја смета најголемата грешка на Србија што прифатила ЕУ да почне да управува со процесот за решавање на конечниот статус на Косово.
Оттогаш, без разлика на потпишаниот бриселски договор, не можеме да го ставиме на дневен ред формирањето на Заедницата на српските општини“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…