БОМБА ОД ДИМИТРОВ: Владата на СДСМ и Ковачевски биле вклучени во креирање на францускиот предлог!

t

Во Софија има придвижување бидејќи Софија е до целосно исполнување на своите првични максимални позиции, вели Никола Димитров поранешен шеф на дипломатијата и министер за надворешни работи во владата за СДСМ, за францускиот предлог.

Димитров коментирајќи ја изјавата на државниот секретар за европски прашања на Франција, Клеман Бон, вели дека и самиот тој кажал дека имало консултација од Софија и Скопје за францускиот предлогот, додавајќи дека владата на СДСМ и институциите се неодговорни кога велат дека се уште не го знаеле што содржи предлогот и дека допрва го чекаат, посочувајќи дека во демократска земја ова ќе беше причина за повик за одговорност.

Според него тоа е што клучно од изјавата на министерот Бон и што за прв пат доаѓа од земја членка е во судир со молкот и тезите на владата и други институции во државата кои што велат дека ова било интерна работа на ЕУ, дека ние допрва чекаме.

-Бон многу јасно кажа дека имало консултации со Скопје и Софија. И во таа смисла ова играње со јавното мнение со јавноста, со граѓаните мислам дека е несериозно. И дури само ова во една демократска земја може да биде причина за повик за одговорност. Како тоа уште го чекаме предлогот, како тоа предлогот бил интерната работа на ЕУ, како да се работи за преговарачка рамка за Бурунди, а не за нашата Македонија. И очигледно нашите институции биле вклучени во комуникација со француското претседателство, во креирање на овој предлог, изјави Димитров.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните…

Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и…

Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…

Од министрите и замениците министри кои не…

Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…