Бомба од Ердоган: Мојата врата е затворена за американскиот амбасадор, нека знае каде му е местото!
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата врата е затворена за американскиот амбасадор во Анкара, Џеф Флејк. Ваквата реакција ја предизвикала средбата на американскиот дипломат со претседателскиот кандидат на најголемата опозициска Народно-републиканска партија, Кемал Киличдароглу, пишува турскиот весник „Стар“.
„Што прави амбасадорот на американскиот претседател Џозеф Бајден? Го посетува господинот Кемал. Бидејќи немате срам, тресете ја главата. Вие сте амбасадор. Тука е вашиот соговорник – претседателот. После тоа, како ќе побарате средба со претседателот?“, рече Ердоган.
„Нашите врати се затворени за него. Зошто? Мора да знае каде му е местото“, заклучи турскиот претседател.
Претседателските избори во Турција ќе се одржат на 14 мај заедно со парламентарните избори. Претходните претседателски избори се одржаа на 24 јуни 2018 година, кога Ердоган победи со 52,6 отсто од гласовите, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…