Бомба од СДСМ: функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои праќаат позитивни сигнали за уставните промени

t

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев изјави дека иако Христијан Мицкоски силно се противи на уставните измени, сепак дел од функционерите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ испраќаат сигнали на поддршка за овој процес.

– Нашите пратеници комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Меѓутоа, добар дел од нив и од раководството на партијата, вклучително и еден скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, испраќаат позитивни пораки на различни средби и на средби со дипломати. Испраќаат позитивни пораки и на места, настани и во разговори со луѓе за кои претпоставувам дека знаат дека ќе стигнат до нас. Тоа се охрабрувачки информации каде што тие се свесни дека ова е нешто што треба да го направиме за да го продолжиме европскиот пат. Очекувам во одреден момент тие луѓе да истапат и јавно и да дадат поддршка, посочи Богоев во интервју за неделникот „Фокус“.

реклама

Тој истакнува дека прашањето за временско одржување на изборите наредната 2024 година е затворено согласно Закон, прво ќе бидат претседателските, а потоа и редовните парламентарни избори.

Богоев потенцира дека СДСМ е предводник на Европскиот блок, која ќе ја осигура европската иднина на државата и додава дека сите стратешки одлуки за иднината на земјата се дел од државничките политики на партијата.

– Во ова раководство, првпат идејата за европски фронт и блок ја пласираше Димитар Ковачевски пред шест месеци на трибините на СДСМ, кои ги правевме есента и зимото. Ние сме единствената политичка партија од земјата којашто била дел од сите чекори во минатото и сега, коишто ја доведоа државата до Европската унија. Ние 11 години имавме комплетно изолираната држава. Добивањето кандидатски статус во 2005 година е по заслуга на СДСМ, членството во НАТО и почнувањето преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, се по заслуга на СДСМ. Тие се стратешки работи кои се суштината на таков европски блок. Ние дури и создадовме позитивна клима за решавање на црковното прашање, вели Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…