Борбени авиони од типот Ф-35 утре ќе летаат над Скопје
Утре, 17 јуни, на аеродромот во Петровец за прв пат во С. Македонија ќе слетаат борбените авиони од типот Ф-35 кои се дел од 134-тиот борбен сквадрон на Националната гарда на Вермонт. Пред слетувањето, борбените авиони ќе извршат прелет над аеродромот во Петровец, како и над главниот град Скопје.
На настанот ќе присуствува министерката за одбрана, Славјанка Петровска која заедно со потполковникот Џон Мекрeј од Националната гарда на Вермонт ќе дадат и изјави за медиумите.
Прелетот и слетувањето на борбените авиони Ф-35 на аеродромот во Петровец, кои се авиони од петтата генерација, е уште еден приказ на силното сојузништво и единство во Алијансата, како и на нераскинливата трансатлантска врска која е темел на евроатлантската безбедност. Целта на настанот е да са подвлече речиси тридецениското партнерство меѓу Армијата на С. Македонија и Националната гарда на Вермонт, како и подготвеноста на Алијансата да ја заштити безбедноста на своите земји членки.
Авионот Ф-35 е едносед, едномоторeн, повеќенаменски борбен авион. Авионот има способности за електронско војување и разузнавање, надзор и извидување. Повеќенаменскиот борбен авион од петтата генерација е фокусиран на воспоставување на воздушна супериорност и реализација на мисии воздух-земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…