Објавено на:

Борбени авиони од типот Ф-35 утре ќе летаат над Скопје

t

Утре, 17 јуни, на аеродромот во Петровец за прв пат во С. Македонија ќе слетаат борбените авиони од типот Ф-35 кои се дел од 134-тиот борбен сквадрон на Националната гарда на Вермонт. Пред слетувањето, борбените авиони ќе извршат прелет над аеродромот во Петровец, како и над главниот град Скопје.

На настанот ќе присуствува министерката за одбрана, Славјанка Петровска која заедно со потполковникот Џон Мекрeј од Националната гарда на Вермонт ќе дадат и изјави за медиумите.

Прелетот и слетувањето на борбените авиони Ф-35 на аеродромот во Петровец, кои се авиони од петтата генерација, е уште еден приказ на силното сојузништво и единство во Алијансата, како и на нераскинливата трансатлантска врска која е темел на евроатлантската безбедност. Целта на настанот е да са подвлече речиси тридецениското партнерство меѓу Армијата на С. Македонија и Националната гарда на Вермонт, како и подготвеноста на Алијансата да ја заштити безбедноста на своите земји членки. 

Авионот Ф-35 е едносед, едномоторeн, повеќенаменски борбен авион. Авионот има способности за електронско војување и разузнавање, надзор и извидување. Повеќенаменскиот борбен авион од петтата генерација е фокусиран на воспоставување на воздушна супериорност и реализација на мисии воздух-земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…