Објавено на:

Борел верува во нуклеарен договор со Иран

t

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека Иран и светските сили се „многу блиску“ до договор за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, кој ќе ја ограничи нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на строгите санкции.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од договорот од 2018 година, што го натера Техеран да почне да ги крши нуклеарните ограничувања околу една година подоцна, а единаесетмесечните разговори за заживување беа прекинати во Виена на почетокот на овој месец, откако Русија изнесе нова пречка.

Русија подоцна појасни дека добила писмени гаранции дека ќе може да ја заврши својата работа како страна во договорот, сугерирајќи дека Москва би можела да овозможи негово заживување.

Сега сме многу блиску до договор за спогодба и се надевам дека тоа ќе биде можно, рече Борел на меѓународната конференција на Доха Форумот.

Борел подоцна им рече на новинарите дека верува оти договор може да биде постигнат „за неколку дена“. Неуспехот да се обнови пактот може да доведе до ризик од регионална војна или да резултира со поостри санкции од Западот кон Иран, како и континуиран притисок врз светските цени на нафтата, кои се веќе високи поради конфликтот во Украина, велат аналитичарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…

Во време кога војната со Иран почнува…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…

МААЕ ќе го пријави Иран во Советот…

Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за…

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…

Иран напаѓа американски бази во четири земји…

Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…