Борел: Во Газа не постои безбедна зона во Газа
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека „не постои безбедна зона во Газа“ за палестинските цивили, наведувајќи дека во Газа има 600.000 деца.
За време на состанокот на министрите на ЕУ одговорни за развој, Борел рече дека Израел започна копнена офанзива на Рафах на југот на Газа, без оглед на барањата на ЕУ и САД да не го сторат тоа, пренесува Ал Џезира.
„И покрај овие предупредувања и барања, нападот беше извршен синоќа. Се плашам дека тоа повторно ќе предизвика многу цивилни жртви“, додаде Борел.
Израелската армија (ИД) денеска соопшти дека презела оперативна контрола над палестинската страна на јужниот премин Рафах во Газа, кој граничи со Египет, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…