Борел го испофали Ковачевски, а на Мицкоски одоколу му порача “бидете послушни за уставни измени, како за Деловникот”!

t

Прво уставни измени, па влез во ЕУ. Деловникот беше “генерална проба” за уставните измени? Пофалби за Владата и Ковачевски, апели за надминување на партиските несогласувања.

Македонија е дел од ЕУ, истакна на денешната прес-конференција со премиерот Ковачевски шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

– Задоволство ми е што повторно сум во Македонија, станувам редовен гостин затоа што бев тука пролетва кога го одржувавме советот за стабилизација и асоцијација и состанокот за олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија во Охрид кој вашата Влада ни овозможи да го организираме таму, што за мене беше одлично искуство.

Охрид е прекрасно место и се надевам дека летово ќе можам повторно да го посетам, истакна Борел.

Шефот на европската дипломатија зборуваше и за ОБСЕ, предизвиците со кои се соочува, но и претседавањето на Македонија со Организацијата и нашиот допринос за истата.

– Многу ја цениме улогата на ОБСЕ, тоа е единствената еворпска платформа каде нашата безбедност треба да биде дискутирана. И покрај обидите на Русија да ја поткопа стабилноста на ОБСЕ, рече Борел кој се надоврза и на нашата одлука да дозволиме рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров да присуствува на Самитот на ОБСЕ.

– Некои земји учесники не беа воодушевени од вашата одлука да присуствува министерот Лавров, затоа што Русија ги поткопува начелата на ОБСЕ и поради тоа се соочува со меѓународни санкции и изолација. Сепак вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив и Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме и изолираме Русија. Ова е добра прилика за него да слушне од учесниците на самитот зошто се изолирани, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ОБСЕ и Европа остануваат обединети во санкциите кон Русија, истакна Борел и ѝ честиташе на Македонија за завршената работа со претседателствувањето со ОБСЕ.

– Од суштинско значење е да се осигура дека ОБСЕ ги има на располагање сите средства за да функционира ефективно. Сакаме да ви еститаме вам, на Македонија, за работата која ја завршивте како претседателство во овие тешки времиња.

Го поздраувам предлогот Малта да биде следниот претседавач со ОБСЕ и се надевам дека оваа одлука ќе се усвои на министерскиот совет во Скопје, нагласи Борел.

Првиот европски дипломат истакна дека ЕУ континуирано ја поддржува Украина.

– ЕУ ја поддржува Украина затоа што се бори не само за својот суверенитет туку и за мирот и стабилноста во Европа, вклучително и Западниот Балкан и во таа насока го уважувам вашето непогрешиливо целосно усогласување со надворешната политика на ЕУ, рече Борел.

Тој практично го испофали премиерот Ковачевски, но и Владата, за нивната работа и нагласи дека ја имаат поддршката од ЕУ.

– Вие продолживте со реформите, а особено вие премиере лично, вашиот силен ангажман за внес на Македонија во ЕУ ние многу го цениме. Скрининг процесот наскоро ќе заврши, им честитам на вашите службеници, целата адмнистрација која работи за да се овозможи овој процес. Ова е инвестиција во иднината на вашата земја, вие работите не за вашата партија, туку за државта, одењето по европскиот пат треба да биде пред и над меѓупартиските превирања и сите треба да присикаат кон тоа. Треба да постои соработка, да се избегне политичката поделеност, да се слуша ЕУ, можеби не се согласувате за многу работи но не треба да постои почитичка поделеност за патот кон ЕУ. Ако скаате да напредувате на еврпскиот пат мора да се усвојат уставните измени, тоа е корист за целиот надод, за Македонија како земја, истакна Борел кој го даде сложното гласање за измени на собранискиот Деловник како добар пример за соработка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Се надевам дека со носењето на новиот Деловник за работа, со меѓупартиска поддршка е добар преседан и се надевам дека ќе следат натамошни позитовни чекори и за ова и за следното Собрание по изборите кога и да се одржат тие.

На крај да потсетам дека неодамна ЕК предложи нов план за Западен Балкан и се надевам дека Македонија ќе ја искористи оваа прилика што ја нуди овој план за да го поттикне економскиот раст, работните места и да го подигне животниот стандард преку пристапот до пазарот на ЕУ и пред приклучувањето во ЕУ.

Имате можност да добиете пристап до европскиот пазар, кој е најважниот дел од ЕУ, а вие ќе имате пристап и пред да станете членка. Ќе останам на на ваша страна, имате целосна поддршка, ќе ве придружувам кон крајната цел што е членство во ЕУ.

Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само на интереси и јас сум задолжен нив да ги претставувам во светот. Од она што јас го сфаќам можам да кажам дека Македонија припаѓа во ЕУ и ве охрабрувам да продложите по тој пат, истакна Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио…

Според шефицата на Светската програма за храна…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето…

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…