Објавено на:

Борел: ЕУ нема докази дека Кина и испорачува оружје на Русија

t

Европската унија нема докази за испораките на кинеско оружје за Русија, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел на форумот во Сингапур, пренесе ТАСС. 

„Кина се обврза да не испорачува оружје [на Русија] и немаме докази дека тоа се случува“, рече тој, одговарајќи на прашања од учесниците на форумот Шангри-Ла дијалог. „Но, не постои јасна граница меѓу оружјето и неоружјето, бидејќи има работи што можат да бидат со двојна употреба“, вели Борел.

Сепак, Борел тврдеше дека компонентите направени во западните земји, вклучувајќи ги САД, Европа и Велика Британија, може да се користат во производството на руска воена опрема.

„Но, проблемот не е само Кина“, објасни тој.

Пекинг претходно истакна дека префрлањето на вината од Вашингтон за разгорување на украинскиот конфликт нема да ја реши актуелната криза. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин ги отфрли обвинувањата дека Кина и доставува оружје на Русија.

„Кина отсекогаш се справувала со извозот на воени производи на внимателен и одговорен начин и строго го контролира извозот на артикли за двојна употреба“, нагласи Венбин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Фон дер Лајен: Време е за Европска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…