Објавено на:

Борел: ЕУ не е прилагодена на денешниот свет – потребна е „Унија во Унијата“

t

ЕУ не е дизајнирана за светот во кој живееме – потребна е Унија во самата Унија,

едногласноста ги кочи одлуките. Ваква порака испрати Жозеп Борел екс шефот на европската дипломатија, во интервју за белгискиот јавен радиодифузер.

Остро го критикува начинот на функционирање на Унијата и оцени дека неуспехот да се обедини за клучните прашања, ја поткопува улогата на ЕУ на глобалната сцена.

Според Борел, помала „основна група“ во рамките на ЕУ, би можела да се движи побрзо и подалеку.

„Оваа Европска Унија, онаа што ја имаме, не е дизајнирана за светот во кој живееме денес. Правилата за донесување одлуки не се компатибилни со забрзувањето на историјата. Ние продолжуваме да сакаме едногласно да одлучуваме за настани што се случуваат пребрзо, многу важни, и речиси никогаш не постигнуваме договор. Треба да изградиме Унија во рамките на Унијата. Со 27 членки, дури и со едногласност, нема да одиме понатаму. Заостанати сме. Со 27, нема да постигнеме многу. Затоа треба да најдеме друга основна група“, изјави Борел.

Многу од членките не се откажуваат од правото на блокада во клучните области – проширувањето, заедничката надворешна и безбедносна политика, оданочувањето и делови од буџетот, каде одлуките се носат едногласно.

Ако стравот од губење на вето е реалната пречка за гласање со квалификувано мнозинство – дали ЕУ останува заложник на националните суверенитети во моменти кога се бара геополитичка брзина ?

„ Да, тоа ја ограничува Унијата во однос на нејзиниот настап во светот. Тоа е таа реалност која ја имаме сега. Дали ќе успее ЕУ да го надмине ова ? Мислам дека е потребно многу поголемо лидерство за да се надмине постојната ситуација во однос на овие прашања. Реално, проблемот е што во моментот нема доволно политичка волја за такво нешто“ изјави Малинка Ристевска Јорданова.

И додека ветото се одразува врз проширувањето, а ЕУ бара нови модели за забрзување на патот кон европското семејство, истовремено отфралјки ги веќе понудените – процесот на проширување се соочува со бројни контрадикции, вели Ристевска Јорданова во „ЕВРОПАТ“ на ТВ 24.

„Ќе бевме среќни да беше методологијата пред 40 години. Пред 40 години ги немаше овие проширени чекори, ова забавено темпо, туку – кога ќе се одлучеше да се почнат преговорите, се пристапуваше кон преговори со крајно членство. Се знаеја правилата. Сега има многу нови правила, Унијата е различна и процесот е многу, многу посложен од претходно. Но факт е дека со многу контрадикторности се соочува овој процес“ изјави Ристевска Јорданова.

Се уште се користи методологија стара 40 години, а ЕУ не живее во време на мир – немаме време, одговори Марта Кос на идејата за постепена интеграција во ЕУ без право на глас, на состанокот на шефовите на дипломатии во Брисел, изминатава недела. Таа на крајот на март го отфрли предлогот на Рама и Вучиќ, за пристап до Шенген и единствениот пазар без полноправно членство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По повод 8 Септември: Почесна артилериска стрелба…

По повод одбележувањето на 8 Септември –…

Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…

Во првата половина од 2026 година, најскапо…

Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Инкасатор од Свети Николе затаил 82.000 денари…

62-годишен вработен во „Комуналец“-Свети Николе ќе одговара…