Борел за бунтот на Пригожин: Чудовиштето што Путин го создаде се сврте против него
Неуспешниот бунт на приватната воена група „Вагнер“ во Русија ги покажа пукнатините во воената моќ на Москва предизвикани од војната во Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Монструмот што Путин го создаде со ‘Вагнер’, тоа чудовиште сега го гризе и работи против неговиот творец – изјави Борел пред новинарите во Луксембург пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Политичкиот систем покажува кревкост, а воената моќ пукнатини, рече Борел.
Шефот на дипломатијата на ЕУ исто така предупреди дека „не е добро да се види како нуклеарна сила како Русија влегува во фаза на политичка нестабилност“, пренесе „Ројтерс“.
Тој исто така верува дека сега е моментот ЕУ, повеќе од кога било, да продолжи да ја поддржува Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…