Борел и Лајчак ги седнаа на маса Вучиќ и Курти
Во Брисел започна нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, најпрво со одвоени средби меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, и Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, а потоа и со трилатерална средба.
Новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина започна во 9 часот со одвоени средби меѓу Борел и Мирослав Лајчак, прво со делегацијата од Белград предводена од Александар Вучиќ.
Околу 10 часот заврши билатералната средба на шефот на дипломатската мисија на ЕУ, Јосеп Борељ и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, со белградската делегација предводена од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Потоа следеше одвоена средба меѓу Борел и Лајчак со Курти.
По одвоените средби во Брисел, околу 11 часот и 30 минути почна трилатералната средба на претставниците на Белград и Приштина со претставниците на Европската унија во рамките на новата рунда дијалог.
Претходно, претседателот на Србија на својот Инстаграм профил објави дека „штотуку почнаа тешките разговори во Брисел“. Тој го соопшти ова заедно со фотографии од почетокот на средбата со претставниците на ЕУ во рамки на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина.
По средбата со делегациите на Белград и Приштина, следува заедничка, трилатерална дискусија, како што претходно најави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Во фокусот на средбата ќе биде имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација, како и актуелните прашања, се наведува во соопштението на веб-страницата на ЕЕАС.
На крајот од средбите високиот претставник Жосеп Борел ќе се обрати пред медиумите во зградата на Европската служба за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…