Борел: Нема да толерираме ескалации во Косово!
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека е многу вознемирен поради ситуацијата на северот на Косово и рече дека ЕУ нема да го толерира фактот што, и покрај одржаните кризни состаноци, продолжуваат ескалациите.
„Многу сум вознемирен од ситуацијата на северот на Косово: незаконски апсења на косовски Срби и маршот на Косовските безбедносни сили (КБС) во јужна Митровица, проследен со тешка реторика од Србија. И покрај вчерашните кризни средби, ескалациите продолжуваат и стануваат опасни. Нема да го толерираме“, напиша Борел на својот Твитер профил.
Како што соопштија косовските безбедносни сили, 215 нивни припадници денеска маршираа од касарната „Минатори“ до селото Фрашер во Косовска Митровица, по што се вратија во базата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маќедонци: Со ракетите „Џавелин“ го штитиме секој…
Само ден откако косовскиот премиер Албин Курти…
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…