Борел: Не е добра идеја да им се забрани влез на сите Руси во ЕУ
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека не ја поддржува идејата за целосна забрана за издавање визи за Русите.
-Тоа е многу контроверзен предлог. Некои земји веќе презедоа мерки во овој поглед, други нема да го поддржат. Мислам дека не е добра идеја да им се забрани влез во ЕУ на сите Руси. Треба да бидеме поселективни – рече Борел на почетокот на дебатата за иднината на Европа во Сантандер, Шпанија.
Тој вели дека не треба да им се дозволи влез во ЕУ на најголемите руски бизнисмени, но дека има многу Руси „кои сакаат да ја напуштат земјата и кои не се подготвени да бидат таму во таква ситуација“.
-Не можеме да им ја затвориме вратата на овие Руси. Мислам дека тоа не е добра идеја – рече Борел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…
Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…